11.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Експерти: Процесот на ветинг треба да го спроведуваа независно тело со меѓународна помош

Најчитани вести

Експертите оценуваат дека ветингот во судството не смеат да го спроведат политички партии. Според нив, пред примената на верификација треба да се земат во предвид и последиците што може да ги носи процесот. Адвокатот Звонко Давидовиќ, вели дека ветингот треба да го спроведе независно тело, помогнато од меѓународен експерт.

Адвокатот Денис Прешова, вели дека политичкиот фактор во земјава нема идеја што да очекува од ветингот и како ќе се спроведе. Осврнувајќи се на ветингот во земјите од регионот, Прешова вели дека во Македонија ситуацијата е уште полоша поради фактот што судството е под политичко влијание.

Експертите проценуваат и дека пред да се примени ветингот, процесот мора да гарантира дека нема да биде како процесот на лустрација што беше спроведен пред неколку години. Министерката за правда Рената Дескоска изјави дека покрај имотот, ветингот вклучува и влијанија врз судиите и обвинителите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com