18.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Експертите тврдат дека е модна икона, но кој уште би се осудил да излезе вака на улица?

Најчитани вести

Таа на 17.03. е фотографирана во највисоките потпетици досега видени во Њујорк, од преку 20 сантиметри. Тоа се познатите бели чизми со врвки на брендот „Pleaser shoes“, кои ги усогласила пастелно сино спортски комбинезон.

Гага вежбаше за настап со ненадминливиот Тони Бенет во „Radio City Music Hall“, по повод нивниот заеднички настап „Уште еден последен пат, вечер со Тони Бенет и Лејди Гага“.

Гага и Бенет се блиски пријатели со години. Уметницата со прекрасен глас на Парадата во 2014 година рече дека Бенет ѝ помогнал кога навистина размислувала да ја напушти музиката.

Тие двајца направија заедничко интервју, во кое Тони истакна дека не сакал да прави такво нешто во животот, но „едноставно го погодиле“.

На прашањето зошто Гага сакала да се откаже од музиката, пејачката одговори:

– Нема да кажувам имиња, но луѓето стануваат ирационални кога се во прашање парите, начинот на кој се однесуваат со вас и што очекуваат од вас, тоа е чудо. Ако му помогнете на уметникот, тоа не ви дава за право, кога уметникот е голем, да го искористувате. Бев толку тажна, не можев да спијам. Се чувствував мртво. А, потоа поминав многу време со Тони. Тој не сакаше ништо друго освен чисто пријателство и мојот глас – изјави Гага и во тој момент се расплака, додека Бенет тивко проговори: „Разбирам“, држејќи ја за рака.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com