Home » Експертите со различни ставови околу уставните измени

Експертите со различни ставови околу уставните измени

by Журнал.мк

Во отсуство на опипливи резултати во економијата, подобрувањето на демократијата и големата корупција власта го промовира наводниот прогрес во евроинтеграциите. Ова е ставот на универзитетскиот професор Жидас Даскаловски, кој смета дека власта е ставена во ќорсокак и се обидува со помош на западниот фактор да влијае врз опозициониот блок кој се спротивставува на уставни измени без гаранции дека нема да има нови условувања од Бугарија за влез во ЕУ. Според него бугарските блокади ќе продолжат и покрај ветувањата на власта и странските дипломати.

„Таквите ветувања се ветувања за мали деца. Знаеме дека имаат можности, знаеме дека ќе ги искористат ако мислат дека тоа треба да го направат. Проблемот настана кога власта ги туркаше сите овие договори без да се консултира со опозицијата и јавноста и академската тука во Охрид што сме на овој настан и пошироката“, изјави проф. д-р Жидас Даскаловски, универзитетски професор.

Од другастрана искусниот дипломат Ѓорѓи Филипов вели дека нема да има нови бугарски блокади и дека од геостратешки и политички аспект е крајно време да прекинат препукувањата помеѓу власта и опозицијата и конечно да се заземе заеднички став без разлика на сите пречки, подметнувања и неправди на дел од нашите соседи.

Сметам дека нема да има други барања затоа што се овие барања, ние без разлика како ги нарекува опозицијата од свои лукративни причини дека биле бугарски диктат, тоа не е точно. Тие се сега диктат на ЕУ и нам ЕУ ни диктира што ние не почнуваме преговори со Бугарија туку почнуваме со ЕУ. А таму веќе нема гласања, нема вета од друг карактер, ветото е дадено пред почнувањето на преговорите, кога ќе почнат преговорите веќе нема вета“, додава д-р Ѓорѓи Филипов.

И додека Даскаловски смета дека политичката криза е нерешлива и се потребни брзи избори, Филипов вели дека на некој начин има политичка криза само од аспект на уставните измени поради што е потребно партиите да создадат заедничка платформа која ќе се базира на нашиот натамошен развој.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk