9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Експертите предупредуваат дека ќе живееме во свет на нови соеви

Најчитани вести

Д-р Дејвид Набаро, специјален претставник на СЗО, вели дека во еден момент сосема сигурно ќе се појави нов облик на коронавирус кој ќе успее да ги „надмудри“ вакцините.

Тој предупредува дека е неопходно да се однесуваме внимателно кон вирусот, дури и во области во кои стапката на вакцинација е огромна.

„Всушност, вирусот не стана ништо помалку опасен – затоа и понатаму одржувајте физичка дистанца и носете заштитни маски колку што можете“, додал Набаро за британскиот канал Sky News.

„Човештвото ќе мора да научи да живее со овој вирус и да спречи нагло да избие и да предизвика жаришта. Искоренувањето не е разумна цел за светот“, истакнал експертот.

Набаро потенцирал и дека најверојатно коронавирусот нема целосно да исчезне туку ќе се јавуваат негови нови варијанти. Со ваквиот став е согласен и Џон Бел, професор по медицина на универзитетот Оксфорд и член на тимот кој ја разви вакцината АстраЗенека. Тој истакнал дека вакцините се ефикасни против индискиот сој, но заштитата од идните соеви не е „засекогаш загарантирана“.

Бел предупредува дека би можеле да се соочиме со „навала на нови верзии на Ковид-19“ доколку не им се помогне на сиромашните земји во побрза вакцинација на своето население.

„Оваа болест тука ќе остане веројатно засекогаш, но ние мораме да продолжиме да се трудиме во што поголема мера да ја сузбиеме ширум светот бидејќи во спротивно ќе нè заморуваат различните варијанти кои доаѓаат. Моментално мислам дека на хоризонтот немаме ниту еден сој кој би ја победил вакцината, но тоа сигурно ќе се случи порано или подоцна. Мораме да бидеме спремни да се носиме со тоа и да спречиме тие да се претворат во бранови“, изјавил професорот за BBC 4

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com