30.8 C
Skopje
Monday, July 26, 2021

Експертите одговорија: Кога ќе можеме да се гледаме со пријателите како порано

Најчитани вести

Вакцинацијата против коронавирусот ја враќа надежта, но сепак е потребна претпазливост

Иако многумина претпоставуваа дека вакцините против коронавирусoт веднаш ќе ни отворат нови можности и ќе овозможат релаксирање на мерките на претпазливост, тоа не е баш така.

Здравствените експерти предупредија дека луѓето кои примаат вакцина, сепак треба да се придржуваат до постојните мерки – носење маска, почесто миење на рацете со топла вода и сапун, одржување на физичка оддалеченост – сè додека поголемиот дел од популацијата не се вакцинира. Но, ако сте биле вакцинирани, а и вашите пријатели го сториле истото, сега имате мала предност во однос на другите кои сè уште не го поминале тој чекор, велат експертите од Центарот за контрола и превенција на болести на Америка.

Може да се гледате други луѓе кои, како вас, ги примиле обете дози на вакцината.

Д-р Кавита Пател, која работеше во администрацијата на Барак Обама, за CNBC изјави дека луѓето кои се целосно вакцинирани можат да си дозволат „мали собири со други имунизирани лица“.

Безбедните собири наскоро ќе станат вообичаени ако поголемиот дел од населението се вакцинира.

Пател објави дека во тој случај, собирите може да станат почести со текот на времето:

– Тоа е нешто што би можеле да го очекуваме со нетрпение, бидејќи одложувавме скоро една година за да се видиме со постари пријатели, родители и роднини кои се изложени на висок ризик.

Д-р Фаучи нè потсетува дека сè уште треба да се грижиме едни за други.

Водечки американски епидемиолог предупреди дека, доколку едната страна не биде имунизирана, и двете треба да се придржуваат кон сите мерки на претпазливост за време на состанокот.

Иако вакцината спречува едно лице да добие потешка форма на ковид 19, таа може да го носи вирусот во назофаринксот и да зарази друг што не бил вакциниран против коронавирусот. Значи, сè уште нема дружење без маска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести