36.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Експертите: Оваа намирница е клуч за посреќен живот

Најчитани вести

Секојдневно консумирање масно сирење би можело да биде клуч за среќен живот, покажа најновото научно истражување.

Научниците од Универзитетот во Копенхаген откриле дека консумирањето голема количина сирење е добро за здравјето на срцето.

Во студијата долга 12 недели, во која учествувале 139 лица, третина од испитаниците секој ден консумирале 80 грама стандардно, масно сирење, додека во исхраната на другата третина било застапено 80 грама сирење со низок процент на маснотии.

Контролната група наместо сирење јадела 90 грама леб со џем.

Резултатите покажале дека кај групата која консумирала масно сирење не само што имало промени во нивото на LDL холестерол, обемот на половината и крвниот притисок, туку и нивното целокупно здравје се подобрило.

Иако нивото на LDL холестерол кај испитаниците од сите групи останало исто, кај лицата кои консумирале масно сирење забележано е зголемување на нивото на „добар“ холестерол.

Едно независно јапонско истражување открило дека консумирањето сирење го спречува таложењето на маснотии во црниот дроб, додека друго укажало на тоа дека би можело да придонесе за подобро спиење, подобро расположение, па дури и полесно слабеење.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести