Home » Еко-активистите од струмичко собираат потписи против рудникот „Иловица – Штука“

Еко-активистите од струмичко собираат потписи против рудникот „Иловица – Штука“

by Журнал.мк

Еко-активистите од струмичко почнаа собирање потписи против рудникот за бакар и злато „Иловица – Штука“ и упатија нова порака до дека Владата, конечно треба да ги раскине договорите за концесии. За нив, работата околу рудникот не е завршена, иако одлуката за спојување на концесиите е повлечена. Концесиите да бидат поништени бидејќи се нелегални и истечени, вели Стојан Велков Трн од „Здрава котлина“.

Сè додека не се заврши работата и затвори прашањето со потенцијалниот рудник за бакар и злато „Иловица – Штука“ на планината „Огражден“, не се откажуваме. Ова е пораката на струмичани, кои на плоштадот се потпишуваа против отворање на било каков рудник во струмичката котлина.Минатиот месец, еко-активистите од струмичко имаа протест против Одлуката на Владата за спојување на двете концесии за бакар и злато. Откако реагираа дел од министрите на предлогот на Министерството за економија, Владата ја повлече одлуката.Цели седум години трае отпорот на струмичките еко-активисти. Тие се против отворање рудник на планината Огражден бидејќи, според нив, ќе се уништи и земјоделското производство и правото на чиста и здрава животна средина

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More