Home » Езерската полиција спаси пет лица од едрилица во Охридското Езеро

Езерската полиција спаси пет лица од едрилица во Охридското Езеро

by Журнал.мк

Постапувајќи по пријава добиена околу 19 часот во СВР Охрид дека во водите на Охридското Езеро, сопственик на пловен објект-едрилица, на која покрај него се превезувале уште четири лица, изгубил контрола поради невремето и поради кршење на крмен лист, полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ веднаш излегоа на терен и околу 19.25 часот ја пронајдоа едрилицата на околу 7.000 метри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија. Н.Б. (55) од Охрид, кој ја управувал едрилицата заедно со другите лица кои се превезувале на неа се спасени и безбедно пренесени до Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во добра здравствена состојба, без повреди.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk