-5.2 C
Skopje
Monday, January 24, 2022

Ед Ширан и Елтон Џон снимија хуманитарен сингл за Божиќ

Најчитани вести

Легендарниот Елтон Џон и светската суперѕвезда Ед Ширан имаат нова божиќна класика. Тие ја претставија песната „Merry Christmas“, која изобилува со празнична атмосфера, ѕвона, радосни хармонии и аранжмани кои го подигнуваат расположението. Покрај убавата божиќна песна која му ја подарија на обожавателите тие целиот приход од синглот за време на празниците ќе го донираат на Музичката фондација „Ед Ширан – Сафолк“ и Фондацијата за СИДА на Елтон Џон.

Музичката фондација „Ед Ширан – Сафолк“ им помага на младите луѓе во округот Сафолк со донации за да помогнат во финансирањето на нивните музички кариери, без разлика дали преку купување инструменти или финансирање на образование. Фондацијата за СИДА на Елтон Џон е основана во 1992 година и е една од водечките независни фондации за СИДА во светот со цел да се стави крај на заразната болест.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com