9.5 C
Skopje
Sunday, January 24, 2021

Ед Ширан е најбогатата славна личност во Британија

Најчитани вести

Светскиот музичар Ед Ширан се најде на врвот на листата на најбогатите славни личности во Велика Британија на возраст до 30 години. Списанието „Хит-магазин“, неговото богатството го процени на 170 милиони фунти.

Ширан двојно го има зголемено богатството во изминатата година и со тоа го превзема првото место на оваа листа кое претходно и припаѓаше на пејачата Адел. Сега Даниел Ретклиф е втор на оваа листа, а неговото богатство се проценува на 90 милиони фунти. Веднаш зад нив се најде името на Хари Стајлс кој тежи 64 милиони фунти.Потоа следуваат ѕвездите Кара Делевињ и Литл Микс. Списанието ги проучува банкарските сметки, продажбата и банкарските одобренија на најпознатите славни личности во Велика Британија на возраст до 30 години.

Минатата година Адел се најде на врвот на листата со проценето богатство од 147,5 милиони фунти, но таа во мај наполни 31 година и веќе не е вклучена во оваа анкета. Tекстот Ед Ширан е најбогатата славна личност во Британија е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести