17.8 C
Skopje
Sunday, March 26, 2023

Едно лице приведено поради тепачката во Градска болница

Најчитани вести

Скопје, 12 септември- Едно лице е приведено, а против две лица ќе биде поднесена пријава за нарушување на јавниот ред и мир откако синоќа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ физички ги нападнале обезбедувањето и двајца полициски службеници.

Според информациите од МВР, приведен е 31-годишниот С.М. од Скопје бидејќи во 02:45 часот физички нападнал вработен од обезбедувањето на болницата и полициски службеници кои интервенирале по пријавата.

По целосно документирање на случајот, против С.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходно, директорот на болницата за медиумите го потврди инцидентот посочувајќи дека во раните утрински часови бил нападнат персонал и претставници на полицијата од страна на лица кои дошле како придружба на повреден пациент.

Најнови вести