13.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Едно лице почина, а три се потешко повредени во пожар во куќа во Калишта

Најчитани вести

Струга, 24 декември- Во 02.35 часот во Полициска станица Струга било пријавено дека во с.Калишта, струшко, настанал пожар во куќа сопственост на Р.Е.(73) од с.Калишта, при што од пожарот со тешки телесни повреди се здобил Р.Е., кој им подлегнал на повредите.

Со телесни повреди се здобиле М.Е., Е.Е. и И.Е., сите од с.Калишта, кои се префрлени во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Струга, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга. За случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com