-6 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Едно лице повредено во сообраќајка во Скопје

Најчитани вести

Скопје, 19 декември- Едно лице се здобило со лесни телесни повреди во една од вкупно шест сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и четири нерегистрирани возила.

Санкционирала и еден возач кој поминал на крстосница на црвено светло и еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Осум пешаци поминале коловоз вон пешачки премин и тројца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло биле исто така санкционирани од сообраќајната полиција.

Со специјалното возило „пајак” биле отстранети 82 возила.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести