23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Едно лице обвинето за оддавање службена тајна

Најчитани вести

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице кое се товари за продолжено кривично дело „Оддавање службена тајна“, соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

Во повеќе наврати во текот на јули 2020 година во Скопје, се појаснува во соопштението, обвинетиот, на возраст од 56 години, и сторил достапни на јавноста документи од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои дошол на незаконит начин. Документите биле класифицирани како службена тајна со степен на доверливост „строго доверливо“ и се однесувале на оперативно истражување на УБК.

– Така, на 07.07.2020 година обвинетиот на прес-конференција презентирал фотокопии од делови од работна верзија на документ – Извештај од разговор со лице кое соработува со УБК и една службена белешка. На 8, 9 и 12 јули 2020 година, на својот Фејсбук профил продолжил да објавува делови од класифицирани документи, меѓу кои и транскрипти од разговори со таргети во тогашната УБК, се наведува во соопштението од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести