Едно лице загина во денешната експлозија во стан во германскиот град Бланкенбург, соопшти портпаролот на полицијата. Во експлозијата се повредени околу 25 лица.
Засега не се познати причините за експлозијата, ниту за сериозноста на повредите на лицата кои биле во зградата.експлозијата се случи во зграда во чија близина се лоцирани градинка и основно училиште. Претставник на градинката соопшти дека околу 100 деца биле преместени во други објекти.
Полицијата верува дека во прашање била експлозија на гас, а како што пренесува „Ројтерс“, на полицијата ѝ помагаат припадниците на единицата за деактивирање на експлозицивни направи.