За расветлување на овој настан, формирана е посебна истражна група и под раководство на Обвинителството, интензивно се работи на расветлување на околностите на настанот, земање на докази кои ќе послужат за расветлување на настанот, легитимирање и фаќање на сторителите, велат од полицијата
Една жена е убиена, а најмалку пет лица се повредени во престрелка во угостителски објект во Тирана. Жената која е убиена, на возраст од околу 60 години, била вработена во објектот. Од стаклото, кое било скршено при престрелката, со повреди на раката се здобило и едно 10-годишно дете. Останатите повредени, на возраст од 42, 45, 47, 50 и 55 години, се под лекарски надзор.
Исто така, поставени се и контролни пунктови во соработка со локалните полициски дирекции на Драч, Елбасан, Лежа и Дебар.
Полициските служби продолжуваат со проверките на целата територија каде постои сомневање дека можеби се кријат сторителите.