Home » Една шолја од овој чај дневно го смирува забрзаното чукање на срцето: Ритуал кој помага при напнатост и вознемиреност

Една шолја од овој чај дневно го смирува забрзаното чукање на срцето: Ритуал кој помага при напнатост и вознемиреност

by Журнал.мк

Вечерните ритуали се благотворни за постепено смирување на организмот пред спиење. За некој е доволно да прочита неколку редови од некоја книга пред да заспие, но многумина ги мачи напнатост, чувство на глад, мачнини или силно чукање на срцето.

Ако чувствувате дека сте гладни, но сте свесни дека не треба да јадете пред одење во кревет, напијте се една чаша млак чај од нане. Другите видови чај како и кафето можат да ги влошат наведените тегоби, особено црниот чај кој содржи кофеин.

За разлика од него, чајот од нане делува смирувачки и на телото и на умот. Тој го ублажува забрзаното чукање на срцето, а истовремено го опушта и дигестивниот систем. Чајот од нане им се препорачува и на лицата кои патат од мачнини.

Но, сепак постојат и лица кои треба да внимаваат со неговото консумирање, а тоа се оние кои имаат проблеми со ждригавица или рефлукс. Чајот од нане може да ги влоши ваквите тегоби, па затоа доколку имате проблеми со истите, не е препорачливо да го консумирате.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk