23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Една третина од лицата кои имале ковид страдаат од психолошко или невролошко нарушување

Најчитани вести

Во просек една третина од лицата кои биле болни од ковид-19 развиваат невролошка состојба или ментална болест после шест месеци, вели големо истражување објавено во медицинското списание „Лансет“.

Појавата на депресија, деменција, психоза или мозочен удар е за 44% повообичаена по ковид-19 отколку по обичен грип, а ризикот е уште поголем ако пациентите претходно имале некоја болест, особено невролошко нарушување, велат авторите од Универзитетот Оксфорд. Оние што завршиле во болница или на интензивна нега биле во уште поголем ризик да развијат некоја состојба. Тие додаваат дека и вирусот и стресот имаат директно влијание врз мозокот.

Британските истражувачи ги проучиле електронските медицински извештаи на повеќе од половина милион пациенти во САД и нивните шанси да развијат некоја од 14 вообичаени психолошки или невролошки состојби.

Анксиозност и нарушувања на расположението биле најчеста дијагноза кај лицата со ковид-19, што најмногу се должи на стресот од разболувањето и лежењето во болница, велат истражувачите.

Состојби како мозочен удар и деменција повеќе се сметаат за биолошки влијанија на вирусот или како реакција на телото на заразата. Ковид-19 не се поврзува со зголемен од ризик од појава на Паркинсонова болест.

Студијата била набљудувачка, па истражувачите не тврдат дека ковид-19 предизвикува која било од овие дијагнози. Сепак, споредувајќи група луѓе кои имале ковид-19 со групи со сезонски грип и други респираторни инфекции, тие заклучиле дека ковид бил поврзан со повеќе мозочни состојби отколку некоја друга респираторна болест.

„Студијата ги потврдува нашите сомнежи дека ковид-19 не е поврзан само со респираторни симптоми, туку и со невролошки и психолошки проблеми. Постојат докази дека вирусот влегува во мозокот и предизвикува директна штета“, вели Масуд Хусаин, професор по неврологија на Оксфорд.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести