Home Автомото Еди Џордан тврди: Сопругата на Шуми е како затвореник, минува низ пекол

Еди Џордан тврди: Сопругата на Шуми е како затвореник, минува низ пекол

by admin

Легендата на Ф1, големиот шампион Михаел Шумахер, цели 9 години го нема на големата сцена, откако доживеа несреќа при скијање на француските алпи.

Од тогаш наваму, скоро и да нема информации околу неговата ситуација, освен тоа дека е далеку од очите на јавноста, во својот дом во Швајцарија, каде за неговото здравје се грижи армија доктори.

Еди Џордан, кој е поранешен шеф на Џордан тимот во Ф1 и кој е личен пријател на семејството Шумахер, зборуваше при своето последно интервју за сопругата на Шуми, Корина.

Поминаа скоро 10 години откако Корина не може да излегува, да оди на забави, на ручеци. Таа сега живее како затвореник затоа што ако излегува, сите со неа ќе сакаат на кратко да зборуваат за ситуацијата на Михаел Шумахер“.

Еди воопшто не наоѓа замерка на семејството Шумахер, што се уште не му дозволиле да го посети Михаел.

Приватноста е важен аспект, Корина постави некои правила и тоа мора да се почитува. Ја познавам доста добро, таа е префинета жена, ја познавам и пред да се омажи со Михаел. На почетокот се обидував да го посетам, но Корина тоа го одбиваше. Жан Тод ја доби таа привилегија да го посети, затоа што беа крајно блиски од времето во Ферари, што е разбирливо. Не можев да одам во посета, но ми рекоа, Еди, те сакаме, но потребна ни е приватност поради Михаел“, заклучи Един Џордан.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More