8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

ЕДИ РАМА СО СПОРЕДБА – мора сега да ги примиме Авганистанците, тие се наши пријатели, а ние бевме во сличен режим пред 30 години

Најчитани вести

Еди Рама, албански премиер, во интервју за радио емисијата „Светот вечерва“, која се емитува на Би-Би-Си, изјави дека Албанија мора сега да ги прими Авганистанците, бидејќи, како што рече, тие се нивни пријатели, а додаде дека и тие биле во слична таква ситуација како нив пред 30 години.

„Не знам што мислат земјите-членки на ЕУ кои велат дека во наредниве години ќе ги примат Авганистанците. Ние треба да бидеме тука за тие кои работеле за нас. Има илјадници, кои треба да бидат прифатени сега, не за неколку години“ изјави Рама.

Рама вели дека тој ја истакнал својот став уште на самитот на НАТО, каде тој го кренал својот глас за ова прашање.

„Ние сме биле дел од режим сличен на оној на талибанците. Мора да размислуваме за Авганистанците, бидејќи во спротивно, тие ќе бидат казнети од страна на предавниците, и тоа не било каква казна, туку само со убиство, бидејќи тој е начинот на кој терористите се одмаздуваат“ изјави Рама на самитот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com