7.9 C
Skopje
Saturday, January 23, 2021

Единицата „Алфа“ укината, Спасовски најавува нова единица за безбедноста на скопјани

Најчитани вести

Министерството за внатрешни работи ја укина полициската единица „Алфа“ формирана во 2005 година за брз одговор на уличниот криминал.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека место алфите за безбедноста на скопјани ќе се грижи нова единица која ќе биде спој на единицата „Алфа“ и на единицата за јавен ред и мир.

„Направена е реорганизација. Формирана е нова интервентна единица по примерот на повеќе европски држави кои што имаат крајна цел да имаме поголема видливост и активност на луѓето – полицајците на терен. Ќе се спојат единиците за јавен ред и мир и единицата „Алфа“ во интервентна полиција кој што ќе работи на заштита на јавниот ред и мир и безбедноста на Скопје“, рече министерот Спасовски.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести