Прогласени се финалистите за изборот за “Светскиот автомобил на годината”, а меѓу трите кандидати доминираат корејски модели, бидјеќи во најтесниот избор се “Kia Niro” и “Hyundai Ioniq 6”. На нив им се приклучил и еден германски претставник, баварскиот кросовер “BMW X1”.
Според мислењето на многумина од автомобилската индустрија, изборот на трите финални кандидати кои се натпреваруваат за титулата “Светски Авотмобил на годината” е релативно големо изненадување.
За оваа престижна титула ќе се борат три автомобили, по азбучен ред, “BMW X1”, “Hyundai Ioniq 6” и “Kia Niro”. Колку за потсетување, од кругот на номинираните испаднале “Alfa Romeo Tonale”, “BMW Series 2 Coupe”, “Honda HR-V”, “Mazda CX-60”, “Mercedes C-Klasse”, “Nissan Ariya” и “Nissan Z”.
Се избира и “Светски електричен автомобил на годината”, а тука финалисти се “BMW i7”, “Hyundai Ioniq 6” и “Lucid Air”, што значи дека “Genesis GV 60” и “Kia Niro” испаднале од натпреварувањето.
Како што пишува “Index.hr”, победниците ќе бидат прогласени на Салонот за автомобили во Њујорк, кој вратите за посетителите ги отвара за помалку од еден месец, односно на 7-ми април.