9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Еден од најбогатите Романци загина во авионска несреќа во Милано

Најчитани вести

Осум лица загинаа во авионска несреќа во близина на Милано, а еден од најбогатите луѓе во Романија беше меѓу жртвите, известуваат медиумите во светот.
Во несреќата загинаа осум лица, меѓу кои и едно момче. Сите тие беа странци, потврдија властите.

Италијанските медиуми набргу по падот објавија дека авионот ја променил маршрутата, и дека бил во воздух само 11 минути пред да се сруши.

Медиумите објавија дека една од жртвите е Дан Петреску (68), голем инвеститор и градител на недвижности, кој важи за еден од најбогатите луѓе во Романија.

Петреску имал романско и германско државјанство и наводно летал со авион во моментот на несреќата, додаваат медиумите.

Меѓу жртвите се неговата сопруга (65) и синот Дан Стефан Петреску (30), кои исто така имаат двојно државјанство, пренесуваат агенциите во светот.

Италијанците, повикувајќи се на романските медиуми, објавија дека синот на Петреску работел како истражувач во Канада и дека пристигнал во Италија за да присуствува на крштевањето на детето на неговите пријатели.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com