Најмалку едно лице загина а неколкумина се повредени во налет на тајфунот „Канун“ во Окинава. Силниот ветер оштети далноводи во јапонската префектура Окинава. 200 илјади домаќинства останаа без струја.
Жителите југозападно од Токио, добија совети да се евакуираат поради бурата која се движи северозападно, велат од Јапонската метеоролошка агенција. Кина пак и натаму се справува со последиците од тајфунот „Доксури“ каде има загинати и повредени.
Јужна Кореја пак е зафатена од топлотен бран. Десетици починати поради екстремно високи температури.