Home » „Едвај чекаме да станеме родители“, британската пејачка Леона Луис со сопругот го чека првото дете

„Едвај чекаме да станеме родители“, британската пејачка Леона Луис со сопругот го чека првото дете

by Журнал.мк

Британската пејачка Леона Луис и нејзиниот сопруг, американскиот кореограф Денис Јауч, објавија дека го чекаат своето прво дете. Извор близок до нив рече дека двојката е пресреќна и со нетрпение го чекаат бебето.

„Пресреќни се и едвај чекаат да станат родители. Леона е бремена речиси 12 недела, а семејството за оваа вест известија уште претходно оваа година“, рече извор за британски „Сан“.

„Едвај чекаат да станат тричлено семејство“, додаде тој.

За потсетување, Леона ја започна своајта музичка слава во 2006 година кога победи на „X-Фактор“. Набрзо потоа го објави својот деби албум „Спирит“, кој беше како еден од најпродаваните.

Со сопругот се запознаа во 2010 година кога тој беше танчер на нејзината турнеја Labyrinth. По завршувањето на турнејата тие ја започнаа врската.

Во ноември 2018 година објавија дека се свршиле, кога Леона објави фотографија и рече дека едвај чека да му стане жена, а во 2019 година се венчаа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk