-0.2 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Едвај сврзувала крај со крај, а потоа тој ѝ го претворил животот во бајка: Еве како Георгина го завела Роналдо!

Најчитани вести

Милион следбеници на Инстаграм, живот од соништата, маж и семејство, изгледа дека Георгина Родригез живее вистинска бајка, но ни тој пат до среќата не бил едноставен.

Родена е на 27 јануари во 1994 година во Буенос Аирес, а со семејството се преселила во шпанското гратче Јака, каде што нејзиниот татко дошол поради фудбал, а работел како тренер. Георгина уште на четири години ја открила својата голема љубов – танцот.

  • Не бев многу убаво дете. Со сигурност не бев најубава во одделението. Едноставно, се чувствував нормално. Танцот ме научи на дисциплина и љубов кон уметноста, раскажала Георгина за странските медиуми.

Сепак, подоцна одлучила да му се посвети на моделството.

  • Не постои момент во кој одлучив дека ќе бидам модел. Подоцна на училиште одеднаш почнаа да ми кажуваат дека сум убава, дека имам добро тело и почнав и самата да верувам во тоа, открила партнерката на Роналдо.

Набрзо добила можност во Мадрид, но немала пари, па отпатувала во Бристол за да се вработи и да го усоврши англискиот јазик.

  • Бев и чистачка, ништо не ми беше проблем“, признала Георгина во исповед за медиумите.

Кога собрала доволно пари, се вратила во Шпанија. Во Мадрид живеела со сестра ѝ, но и понатаму копнеела по успех. Имала речиси совршени телесни пропорции: 85-62-90, а поради тоа успеала да се вработи како продавачка во продавница на „Гучи“ во Мадрид.

Една средба потполно ѝ го променила животот…

Во текот на една нејзина смена, во продавницата влегол Кристијано Роналдо. Георгина му асистирала при купувањето и оттогаш фудбалерот секогаш барал таа да му помага додека одбира гардероба.

  • Првпат се сретнавме кога работев како асистентка за продажба. Неколку дена подоцна, имаше оргинизрано еден маркетиншки настан на друг бренд, каде што јас едноставно отидов, кога таму беше и тој! Тука можевме да зборуваме многу поопуштено, бидејќи не бев на моето работно место. Тоа беше љубов на прв поглед, и за мене и за него, открила Георгина.

Другото е веќе добро познато. Роналдо и Родригез добија ќерка Алана Мартина, а заедно се грижат за четири деца, најстариот син на Роналдо, Кристијано Јуниор и близнаците Ева и Матео.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com