12.8 C
Skopje
Saturday, November 27, 2021

ЕВРО 2020: „Вембли” со најголем број натпревари

Најчитани вести

За прв пат во историјата, Европското првенство ќе се одржи во 11 градови низ континентот. Домаќини на натпреварите на турнирот ќе бидат Рим, Баку, Санкт Петербург, Копенхаген, Букурешт, Амстердам, Лондон, Глазгов, Севилја, Минхен и Будимпешта.

Првично имаше 12 градови домаќини, но ирските власти не можеа да гарантираат прием на потребниот број на гледачи на стадионот во Даблин, и тој беше отстранет од списокот. Средбите што требаше да се одржат таму се префрлени во Лондон и Санкт Петербург.

Покрај тоа, од истата причина, Билбао беше заменет со Севилја во Шпанија.

Главна арена за ЕП 2020 ќе биде „Вембли” во Лондон, на кој ќе се одржат осум натпревари, вклучувајќи две полуфиналиња и финале.

Втор на овој список е Санкт Петербург, каде ќе се играат седум средби – шест во групната фаза и четвртфиналето.

Македонската репрезентација која ќе дебитира на едно Европско првенство, првите два меча ќе ги игра во Букурешт, а третиот во Амстердам.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com