Home » Евросонг 2022: Украина се смета за фаворит по пласманот во финалето

Евросонг 2022: Украина се смета за фаворит по пласманот во финалето

by Журнал.мк

Украинскиот бенд „Калуш оркестра“ се пласираше во финалето на Изборот за песна на Евровизија, зацврстувајќи ја својата позиција како фаворит за победа на натпреварот.

Членовите на фолк-рап бендот скокнаа на нозе, веејќи го украинското знаме кога беше објавено дека се квалификувале од првото полуфинале во Торино.

Претходно тие имаа енергична изведба на нивната песна Stefania.

„Ви благодариме што ја поддржавте Украина“, рече основачот Олех Псиук кога го завршија својот настап.

Публиката во „Пала Алпитур“ одговори со мешавина на радост и емоции. Заглушувачкиот аплауз беше проследен со искрени солзи.

Поддршката за бендот се зголеми по руската инвазија на Украина во февруари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More