17.8 C
Skopje
Friday, September 17, 2021

Европски филм за млада публика во пет града

Најчитани вести

Здружението на филмските продуценти на Македонија – МЗФП Скопје до 15 ноември го организира проектот Европски филм за млада публика, во рамките на кој ќе бидат прикажани три европски филма во пет града во земјата. Во негови рамки, денеска, во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, ќе биде прикажан филмот „Други девојки“.

Филмот е за четири 18-годишни девојки, Џесика, Џени, Тару и Аино, кои влегуваат во светот на возрасните губејќи ја невиноста и на моменти и нивната верба. Тие снимаат провокативни видеозаписи за своите животи во времетраење од една година. Филмот се базира на вистинити настани.

Исто така, на 31 октомври во Неготино ќе биде прикажан и тинејџерскиот трилер „Враќањето на Хана“, во режија на Естер Бијалас. Истиот ден, во рамките на проектот во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, ќе бидат прикажани филмовите „Други девојки“, „Враќањето на Хана“, како и германскиот филм „Тегла полна живот“ со актерката Јела Хазе. „Тегла полна живот“ беше претходно прикажан во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ – Свети Николе. Проекциите продолжуваат и во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци и Домот на културата „Македонија“ во Гевгелија.

Преку овој проект сакаме да ѝ презентираме на младата публика филмови кои се поинакви од холивудските и да ги запознаеме со културните вредности од европските земји, но и да им ја доближиме европската кинематографија, велат организаторите. Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com