1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Европски суд за човекови права: Русија да ги признае истополовите бракови

Најчитани вести

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда со која се повикува Русија да ги признае истополовите заедници. Кремљ реагираше веднаш, наведувајќи дека истополовите бракови во Русија „не се дозволени“, согласно уставните измени усвоени минатата година.

Судот пресуди во тужбата покрената од три руски истополови двојки откако руските власти не им дозволија да се венчаат.

Судот заклучи дека Русија го прекршила членот осум од Европската конвенција за човекови права, кој го нагласува правото на почитување на приватниот и семејниот живот.

– Русија имаше обврска да обезбеди почитување на приватниот и семеен живот на подносителите на барањето, обезбедувајќи законска рамка која ќе им овозможи признавање на нивните врски, се наведува во пресудата.

Европскиот суд за човекови права го отфрли аргументот на Москва дека спротивставувањето на истополовите заедници е широко распространето во Русија, наведувајќи дека „остварувањето на правата на припадниците на малцинството не може да зависи од прифаќањето на мнозинството“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести