23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Европските држави продолжуваат со употребата на „Астразенека“

Најчитани вести

Голем број европски земји објавија дека повторно ќе продолжат со употреба на вакцината „Астразенека“, откако европското регулаторно тело за лекови објави дека таа е безбедна и ефикасна.

Бугарија, Португалија, Холандија, Летонија, Литванија, Кипар, Германија, Франција, Италија и Шпанија веќе најавија дека ќе продолжат со вакцинирање со „Астразенека“.

Шведска соопшти дека следната недела ќе донесе одлука за привремениот прекин, а Ирска денеска ќе информира што ќе прави понатаму.

Европските земји ја прекинаа употребата на вакцината на „Астразенека“ на почетокот на оваа недела по извештаите за згрутчувања во крвта кај неколкумина што ја примиле вакцината.

Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера соопшти дека вакцината не е поврзана со целокупниот ризик од згрутчување на крвта.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести