27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Европскиот парламент денеска гласа за извештајот за Србија

Најчитани вести

Пратениците на Европскиот парламент денес напладне на пленарната седница во Стразбур ќе гласаат за овогодинешниот извештај за Србија, во кој се изразува поддршка за идното членство на Србија во ЕУ, но со барање дополнително, до владеењето на правото и нормализацијата на односите со Приштина, усогласувањето со санкциите кон Русија ќе биде клучен елемент што ќе го одреди целокупниот напредок на Србија на патот кон пристапувањето.

Во текстот на извештајот, со амандмани се додава дека се очекува Србија и Косово да потпишат правно обврзувачки договор за нормализација на односите „врз основа на взаемно признавање“, што е првпат меѓусебното признавање да се спомене во официјален документ на ЕУ како неопходно решение за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Европскиот парламент го повторува својот повик до Србија да преземе чекори за дополнително зголемување на слободата на медиумите, гарантирање на слободата на изразување, независност на медиумите и медиумски плурализам.

Текстот на извештајот го пофалува напредокот постигнат во Србија во развојот на функционална пазарна економија, како и соработката што Србија ја покажа во управувањето со миграцијата.

Извештајот на Европскиот парламент усвоен на пленарната седница има форма на резолуција, која не е прво обврзувачка, туку претставува политички насоки за земјата во процесот на европска интеграција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com