4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Европскиот ден на органодарителството посветен на семејствата на донаторите на органи

Најчитани вести

Емотивно како во моментите пред да светнат рефлекторите во операционата сала, Иван Огњановски и Иле Стрезовски зборуваа за најубавиот животен подарок кој некогаш го добиле.

Новите срца кои чукаат во нивните гради, велат, се највисокиот чин на човекољубие. Иван сега работи на Клиниката за кардиохирургија а младиот Иле го живее животот со полни гради, покрај своите најблиски.

„До донорите и сите што донираат срце и други органи сакам да им се заблагодарам и да продолжат да го прават сето тоа затоа што донорството е голема работа и подарок за нов живот за некои пациенти.“-Иван Огњановски.

„Самиот себе се убедив дека кога ќе ти каже некој дека немаш друг избор, дека ти е еден и единствен ако сакаш да продолжиш да живееш – ќе одиш. И јас со таа помисла заминав.“- Иле Стрезовски.

Иако во светски рамки веќе одамна е пракса, во Македонија органодарителството е се уште табу тема.

Здравствените власти секојдневно работат на зајакнување на овој систем. Велат дека лекари и услови има, неопходна е само храброста. За нив примерите со трансплантираните срце од починат донор кои се извршија во последната година и половина се најдобрата кампања.

„Сево ова немаше да биде можно доколку не постоеја семејства кои имаа благородна душа, кои ја запознаа човечката љубов и ние заклучивме дека таква човечка љубов постои, безгранична е. Едноставно, во најтешки моменти се одлучија на едно човечко дело.“- Маја Мојсова.

„Препознавме дека е битно тоа што за некои пациенти, практично, нема алтернатива и значи дека се дарува живот после смртта, ако ние со нашата реорганизација и дополнителна организација на сите капацитети и експерти да направиме системот да функционира.“’- Венко Филипче.

Планот за следната година е да се започне и со трансплантации на бели дробови и црн дроб.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com