20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Европска Унија ќе воведе дигитален сертификат за патување, системот допрва ќе се развива

Најчитани вести

Европската Унија најави воведување на „дигитален зелен сертификат“, што на нејзините жители ќе им овозможи слободно да патуваат ова лето во рамките на блокот. Тој ќе биде доказ дека едно лице е вакцинирано против ковид-19, има негативен тест или ја прележало болеста.

Се очекува дигиталната инфраструктура која ќе го олесни користењето на сертификатите да биде воспоставена до летото. На кој начин ќе функционира тоа?

Секоја болница, центар за тестирање или здравствен орган ќе има свој сопствен дигитален потпис и сите тие потписи ќе бидат складирани во заштитена база на податоци во секоја членка на Унијата. Брисел ќе развие систем кој ќе може да ги верифицира сите потврдени потписи низ Унијата.

Дигиталниот сертификат ќе биде складиран во мобилен уред, а граѓаните ќе може да побараат и хартиена верзија. Двете опции ќе имаат Кју-Ар код, што ќе ги содржи суштинските информации, како и дигитален печат за да се потврди автентичноста на сертификатот.

„Дигиталиот зелен сертификат“ ќе се применува во сите 27 земји-членки на ЕУ и ќе важи само за вакцините одобрени од европските регулатори.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести