Home » Европска комисија со позитивни оцени за новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители

Европска комисија со позитивни оцени за новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители

by Журнал.мк

Европската комисија даде позитивни оцени во скрининг Извештајот за новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители, што неодамна беше усвоен во Собранието, информираат денеска од Министерството за правда.

“Ова е големо признание од меѓународната заедница што го мониторира напредокот на Република Северна Македонија. Законските измени беа иницирани од страна на министерот за правда Кренар Лога, а поддржани од пратениците од владејачкото мнозинство, откако претходно беа блокирани во Собранието. Академијата за судии и јавни обвинители останува да биде светла точка во реформскиот процес на правосудниот систем, констатираше ЕК во скрининг Извештајот за Кластер 1 „Фундаментални вредности“, се наведува во соопштението на Министерството.

Со измените, како што се посочува во соопштението, се овозможува стекнување на унифицирано уверение за завршена почетна обука за судија и јавен обвинител. Европската комисија смета дека ова претставува голема придобивка во подигање на квалитетот на селекција на најдобрите, кои се пријавени на огласите за прием во почетната обука на Академијата.

“Законот предвидува и воедначување на судската пракса преку зголемен обем на обуки на судиите во рамките на Академијата за судии и јавни обвинители, како и редефинирање на начин на полагање на приемниот и завршниот испит, врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите”, пишува во соопштението.

Од Министерството за правда нагласуваат дека и во наредниот период ќе бидат максимално посветено на реформите во правосудството, владеење на правото, со цел исполнување на условите за членство во Европската Унија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More