24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Европската перспектива на регионот тема на средбите на Мицотакис со Брнабиќ, Пленковиќ и Рама

Најчитани вести

Односите на Грција со Србија, со Хрватска и со Албанија, како и европската перспектива на регионот беа на агендата разговори на претседателот на Владата на Грција со албанскиот премиер, со српската премиерка и со хрватскиот премиер.

На маргините на четвртиот Евро-арапски светски самит, Кирјакос Мицотакис се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама, со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и со српската премиерка Ана Брнабиќ, јави дописничката на МИА од Атина.

Според заедничкото соопштение на грчкиот и албанскиот премиер, Рама на средбата со Мицотакис истакнал дека и покрај разочарувањето на Албанија од одлуката на Европскиот совет да нема почеток на пристапни преговори со ЕУ, земјата со истата одлучност ќе продолжи со имплементација на реформите.

– Киријакос Мицотакис истакна дека Грција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, доколку овие земји ги исполнуваат предусловите за интеграција. Исто така, ја поздрави посветеноста на албанската страна да оди напред со прашањата за имотите и самоопределувањето/пописот, кои се од основно значење за грчкото национално малцинство во Албанија, се наведува во заедничкото соопштение на двајцата премиери.

Воедно, Мицотакис ја прифатил поканата на неговиот албански колега во следниот период да ја посети Албанија.

На средбата Мицотакис – Пленковиќ станало збор за приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ, внатрешната политика на Унијата, но и за билатералните прашања како што се поврзување на Хрватска и Грција преку Игуменица, а била разгледана и европската перспектива на Западен Балкан.

Грчкиот премиер, се сретна и со неговата колешка од Србија Брнабиќ при што беа истакнати традиционалните пријателски односи меѓу двете земји, а разговарале за одржување на Високиот совет за соработка меѓу Грција и Србија.

– На средбата исто така се разговараше и за текот на дијалогот Белград- Приштина, како и за европската перспектива на регионот. Киријакос Мицотакис имаше можност уште еднаш да ја изрази цврстата поддршка на Грција за интегративниот тек на Србија, потсетувајќи дека нашата земја со години игра водечка улога во нејзиниот европски тек и со тоа ќе продолжи да го прави тоа, соопшти кабинетот на грчкиот премиер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести