9.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Европската перспектива на Западен Балкан една од темите на средбата Ципрас –Вучиќ

Најчитани вести

За потребата активно да се поддржи европската перспектива на земјите од Западен Балкан, разговарале меѓу другото српскиот претседател Александар Вучиќ и поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Во рамките на дводневната официјална посета на Грција, Вучиќ вчера се сретна со Ципрас, а лидерот на СИРИЗА, преку социјалните мрежи ги откри темите за кои разговарале.

-Се сретнав со претседателот на Србија Александар Вучиќ со кој разговарав за важноста на грчко – српските односи за нашите народи и за Балканот како и за потребата за активна поддршка на интегративната перспектива на Западен Балкан во критичниот период за регионот. Истакнавме дека единствена основа за мир и стабилност во нашиот регион е почитувањето на меѓународното право, напиша Ципрас на „Фејсбук”.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com