10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Европската Комисија со нова иницијатива за заштита на новинарите од закани и вознемирување

Најчитани вести

Потпретседателката на Европската Комисија, Вера Јурова, утрово ја презентираше новата иницијатива на нејзината институција чија цел е да се врши притисок врз земјите членки на ЕУ за подобра заштита на новинарите.

Оваа иницијатива во облик на препорака меѓутоа не е правно обврзувачка, бидејќи Европската Комисија не е надлежна во оваа област, но Јурова ветува дека ќе се врши постојан притисок врз земјите членки затоа што заканите, вознемирувањата и нападите врз новинарската фела се зголемуваат драстично, посебно од почетокот на кризата со Ковид-19.

Препораката подготвена од Јурова бара од земјите членки да воспостават посебни центри за помош на новинарите, каде тие ќе добиваат правна и психолошка поддршка, се бара зајакната заштита на новинарите кои покриваат демонстрации и посебен фокус на безбедноста на жените новинарки и новинарите кои припаѓаат на малцински или ранливи групи.

Европската Комисија сака да види и засилена соработка со дигиталните платформи и социјалните мрежи. Националните тела задолжени за сајбер безбедност треба на новинарите да им пружат комплетна поддршка посебно во случаи кога нивните лични или професионални профили, мејлови и налози се загрозени.

-Иако препораките не се правно обврзувачки ние ќе ја набљудуваме состојбата од блиску и ќе вршиме постојан притисок да се направи повеќе, затоа што ова е силен повик да не се потценуваат заканите и предупредувачките знаци дека новинарите се во вистинска опасност од реално насилство, изјави Јурова.

На прес конференцијата потпретседателката се осврна посебно на случајот со Словенија и премиерот Јанез Јанша кој редовно се пресметува, некогаш на брутален начин, со новинарите преку социјалните мрежи. Еден од овие таргетирани новинари, Блаж Згага, сега е под посебна заштита, потсети Јурова.

-Разговарав со релевантните министри во Словенија и јасно ставив до знаење дека насилството кон поединечни новинари кое произлегува од директни напади на политичари е целосно неприфатливо, политичарите се тука да трпат критика и да одговорат со факти и бројки а не со омраза и насилство насочени кон специфични новинари, изјави Вера Јурова денеска во Брисел.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com