Home » Европската комисија денеска презентира план за прекин на зависноста од руски горива до 2027 година

Европската комисија денеска презентира план за прекин на зависноста од руски горива до 2027 година

by Журнал.мк

Денеска Европската комисија ќе претстави план вреден 210 милијарди евра за тоа како Европа може да престане да се потпира на руските фосилни горива до 2027 година.

Конфликтот во Украина ја поттикна Европската унија да ја преиспита својата енергетска политика во услови на зголемена загриженост за снабдувањето со енергија, наведува Ројтерс.

Русија испорачува 40 отсто од гасот на ЕУ и 27 отсто од нафтата, а земјите од ЕУ во моментов се борат да постигнат договор за санкции против руската нафта.

Според нацрт-документот, во кој британската агенција имала увид, за да се ослободат земјите од тие горива, Брисел ќе предложи троен план, а тоа е транзиција кон поголем увоз на неруски гас, побрзо воведување на обновливи извори на енергија и повеќе напори за заштеда на енергија.

Нацрт-мерките, кои би можеле да се променат пред да бидат објавени, вклучуваат мешавина од закони на ЕУ, необврзувачки шеми и препораки што националните влади би можеле да ги усвојат.

Плановите ги прикажуваат краткорочните напори за испорака на неруски гас, нагласувајќи го потенцијалот за зголемување на увозот на течен природен гас од земји како Египет, Израел и Нигерија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk