16.8 C
Skopje
Tuesday, May 18, 2021

Европратеничката Јовева: Патот до Брисел не е лесен

Најчитани вести

Патот до Брисел не е лесен, вели првата европратеничката со македонско потекло, Ирена Јовева. Во нејзината прва посета на земјава како европски функционер главната цел и е да пренесе дека Македонија не смее да се откаже од европската иднина.

Патот до Европскиот парламент не беше лесен, но вредеше – вели првата европратеничка од македонско потекло Ирена Јовева. Таа е родена во Словенија, а потеклото и е по мајчина линија.. Вели дека патот кон Брисел бил исполнет со препреки, а најтежок и бил трансферот од новинарството во политиката, најмногу заради тоа што од критичар на политичари и самата станала политичар.

Првата посета на земјава како европратеник вели дека ја користи за да го збогати мајчиниот јазик, но и да ја пренесе пораката дека Македонија се уште треба да се надева на Европската иднина.

Јовева вели и дека очекува датумот за почеток на преговори набрзо да и биде доделен на земјава, и додава дека таа како Европратеник ќе стори се што е во нејзина моќ за да се оствари тоа.

Европратеничката пред студентите на факултетот за безбедност одржа и предавање посветено на проширувањето на ЕУ и земјите од Западен Балкан.

Јовева е дел и од неформалната група во Европскиот парламент под името „Пријатели на Македонија“ во Европарламентот која пред неколку дена ја одржа првата седница.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести