17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Европратеникот Ќучик: Интерес на Бугарија е Македонија да биде во ЕУ

Најчитани вести

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Илхан Ќучик, вели за спорот со Бугарија дека не постои лесен разговор за историјата, но треба да се гледа во иднината.

„Стратешки интерес на Бугарија е Македонија да биде дел на Европската Унија“, рече Ќучик.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека и покрај разочарувањето во земјата, со несмалено темпо се одвива дијалогот со Бугарија.

„Македонија испорача на сите полиња и заслужува напредок“, смета за евроинтеграцијата на земјава министерот Османи.

Тој ја појасни неговата изјава дека досега земјава била преемоционална во дебатата за спорот со Бугарија, велејќи дека во иднина преговорите нема да бидат под влијание на дневната политика.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести