8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Европратеникот Јуратович: Спорот меѓу Софија и Скопје да се решава по примерот на Словенија и Хрватска

Најчитани вести

Претставникот на германските социјалдемократи (СПД) во Бундестагот, Јосип Јуратович предлага Европската унија да ја редефинира својата политика кон Западен Балкан и повика на деблокирање на отпорот на Бугарија за почнување преговори за членство со Република Северна Македонија и со тоа „зачувување на авторитетот на ЕУ“.

Јуратович предлага проблемот да се реши со формирање арбитражно тело, по примерот на оној што одлучи за спорот меѓу Словенија и Хрватска.

Во авторски текст објавен на веб -страницата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) европратеникот пишува дека, во ситуација кога една од 27-те земји членки на ЕУ може да блокира одлука во секое време, несоодветните акции на ЕУ може да имаат стратешки последици за Западен Балкан и тоа може да доведе до промена на геополитичката ориентација на регионот.

Јуратович го повикува Советот на Европа да го прифати фактот дека вистинските демократски вредности немаат вистински поддржувачи меѓу многуте владејачки политичари на Балканот, а со такви антидемократски сили, според него – воопшто не треба да соработува опортунистички, туку да се поддржат оние што ги делат вредностите врз кои се темели ЕУ.

„Не смееме да си дозволиме да ги жртвуваме демократските вредности заради некој очигледен мир и стабилност“, напиша Јуратович.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com