20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

ЕВН: Штетите од кражбата на струја се и повеќе од 100 милиони евра годишно

Најчитани вести

Околу 5% од испорачана електричната енергија се користи неовластено, односно се краде. Тоа се се околу 300.000 мегаватчасови. Ако се земе дека пазарната цена за еден мегаватчас е 300 евра, а цената оди и до 500 евра за 1 мегаватчас, тогаш годишно загубите од кражбите на струја е и повеќе од 100 милиони евра. Најпроблематични региони каде што не постојат услови за работа и спроведување на проекти за намалување на загуби се: Грчец, Сарај, Крушопек, Сингелиќ, Серава, Арачиново и Студеничани, и официјално ја потврдија вчерашната информација на МКД.мк од ЕВН.

Сите загуби на електрична енергија, техничките загуби и комерцијалните загуби (кражби) ЕВН ги набавува на отворен пазар по пазарни цени.

Од компанијата велат дека проблемот е поради немање безбедност за вршење на редовно работни активности, дека вработените постојано се соочуваат со вербални, а често и со физички напади, постојано има оштетување на опрема, а обидите од општинските власти не го решеваат проблемот за обезбедување на нормални услови за работа на терен, а нема и доволно поддршка од страна на МВР.

За намалување на загубите ЕВН континуирано спроведува проекти, но само таму каде што постојат услови.

„Многу успешни проекти имаме спроведено и спроведуваме во Кумановско-Липковскиот регион, Тетово, Гостивар, Струга, Прилеп,Липково, Велешта. Во дел од овие населени места, проблемот е решен со помош на општинските власти и непопречување на активностите во обновување на мрежата од страна на мештаните. Такви позитивни примери се проектите во Чегрене, Градец, Желино, Селце и други, кои со години беа лидери во нелегално користење на струја, а сега со дислокација на броилата кражбите се сведени на минимум, а граѓаните добија стабилни напонски прилики, речиси без дефекти. Сите останати населени места каде имаме регистрирано огромни кражби, се детектирани и се работи на нивно целосно елиминирање“, велат за МКД.мк од ЕВН.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com