Home » Еве што му порача НАТО на Зеленски од Мадрид

Еве што му порача НАТО на Зеленски од Мадрид

by Журнал.мк

Самитот на НАТО му порача на украинскиот претседател Владимир Зеленски дека конфликтот во Украина треба да се реши „само со воени средства“.

На Зеленски му беше кажано и дека алијансата ќе продолжи да му помага на Киев во тоа, изјави белгискиот премиер Александар де Кру по пристигнувањето на самитот на НАТО.

„Веќе имавме можност да разговараме со претседателот Зеленски. Многу е важно да продолжиме да разговараме со него, нагласувајќи дека војната може да се добие само на бојното поле и дека мора да продолжиме да го поддржуваме претседателот Зеленски и народот на Украина да победи на бојното поле“, рече Де Кру.

„Ќе усвоиме нов стратешки концепт на нашата Алијанса, кој ќе стане нацрт за тоа како да се води Алијансата во поконкурентен и поопасен свет и како да се обезбеди безбедност на НАТО и на речиси милијарда граѓани“, рече тој.

Столтенберг потсети дека претходниот стратешки концепт на Алијансата е усвоен во 2010 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More