-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Еве како Бен Афлек „ЈА КУПИ“ Џенифер

Најчитани вести

Џенифер Лопез (51) и Бен Афлек (48) ја потврдија својата врска во мај кога заедно беа на одмор во Монтана, 17 години по раскинувањето. Изгледа дека љубовниот живот им оди сѐ подобро бидејќи, според извор близок до парот, Џеј Ло и Бен сакаат да живеат заедно.

„Тие ја поминуваат секоја вечер заедно кога не работат“, рече тој. Џен не мисли да ги брзаат работите, смета дека го имаат цел живот пред себе да им биде сè како што сакаат и да се чувствуваат пријатно.

На Латино дивата нема да ѝ биде проблем да му помага на Бен со трите деца; Виолета (15), Серафин (12) и Самуел (9), кои ги има со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер (49).

Сепак, го очекува истото од него затоа што таа ги има 13-годишни близнаци Макс и Ема со поранешниот сопруг Марко Ентони (52).

Бен одлично се сложува со децата, и тоја „ја купи“ Џенифер.

„Таа виде колку одлично се однесува и комуницира со нејзините деца и поради тоа повторно се за вљуби во него. Тоа е главната причина“ – тврди изворот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести