14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Еве каде Лепа Брена ќе ги вложи парите од продажбата на „Гранд“: Ова е новиот проект на фолк дивата

Најчитани вести

Лепа Брена заработи повеќе од 15 милиони евра од продажбата на Гранд продукција, но парите нема да ги стави во банка, туку реши да инвестира во нов бизнис заедно нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ. Имено во нивната винарија тие ќе прават вино, еден вид розе, лосос боја, кое според неа, повеќе им е наменето на жените.

„Јас уште во 1986 година, имав мое вино „Лепа Брена“. Денес, благодарение на мојот сопруг, започнавме нова линија и се надевам дека ќе им се допадне дамите“ – открива Брена.

Винскиот бизнис, како што дознаваме, ќе го водат Боба и Филип Живојиновиќ. За Америка, промоцијата ќе ја работи Филип, а Боба за Хонг Конг, со цел да го освојат и кинескиот пазар.

Пејачката вели дека е многу претпазлива во бизнисот и не сака за нејзините идеи да зборува однапред.

„Ми се случуваше многу работи, а медиумите постојано ме прашуваат да кажам нешто ново. Концертот во Загреб беше многу успешен, како и театарската претстава што ми ја посветија на Битеф. Не сакам да престанам да работам и сакам да им помагам на моите пријатели и семејството. Нема да бидам само мајка и готвачка“ – искрена е една од најголемите ѕвезди на Балканот по премиерата на претставата „Лепа Брена проџект“./skopje24.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com