37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

„Евергрин“ или „Евер Гивен“? Кое е името на насуканиот брод во Суецкиот Канал?

Најчитани вести

Она што е напишано на бродот кој е заглавен во Суецкиот Канал, всушност не е неговото име.

Освен што предизвика големи стопански загуби, пренасочувања на голем број бродови и своевидна криза во индустријата, овој брод ги збуни и луѓето кои будно ги следат вестите за него.

Иако преку целото пловило е испишан зборот Evergreen, името на бродот е Ever Given. Објаснувањето е дека „Евергрин“ е всушност името на карго-компанијата која го изнајмила бродот, а пловниот објект се вика „Евер Гивен“. Со тоа се разрешува мистеријата околу името на бродот, кое предизвика мали забуни кај луѓето кои ја следат оваа ситуација која трае веќе неколку дена.

Повеќе од 150 бродови не можат да продолжат да пловат низ каналот, што создава огромни загуби.

Суецкиот канал е долг околу 193 километри и ги поврзува Средоземното Море и Црвеното Море.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести