Грчките власти евакуираа неколку подрачја северно од Атина откако пожарот ги зафатил шумите и претставувал закана по куќите. На зафатенот подрачје од пожарот демене опасност дека пламените јазици ќе се прошиати до куќите и покрај акцијата на пожарникарите…
Пет канадери и четири хеликоптери беа искористени за гаснење на пожарот надвор од областа Стамата и Родополи, 30 километри северо-источно од Атина, наведува „Катимерини“.
Жителите од областа добија предупредувања на мобилните телефони и беа повикани да ги држат вратите и прозорците затворени што е можно подолго за да не бидат изложени на чад и да спречат искрите да ја запалат внатрешноста на куќите.
На терен биле испратени 68 пожарникари и 22 противпожарни возила кои се распоредени да се обидат да го спречат огнот, чиј чад стигна до Атина.
Силниот ветар го отежнува гаснењето на пожарот, пренесува „Катимерини“.