Поради ризик од ескалација на конфликтот во Нигер, Франција, Италија и Шпанија ги евакуираа граѓаните. Првите воени авиони слетаа во Париз и Рим. Меѓу евакуираните има жители на Италија, САД, Бугарија, Австрија, Велика Британија, како и воен персонал од Нигер, Унгарија, Сенегал и Нигерија.
Потегот следи откако Економската заедница на западноафриканските земји даде ултиматум за враќање на уставниот поредок во воениот удар, а Буркина Фасо и Мали се заканија дека ако воено се интервенира во Нигер, тоа ќе значи војна и против нивните земји.