0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

ЕБОР: Започна изградбата на интерконекторот со електрична енергија помеѓу Албанија и Северна Македонија

Најчитани вести

Започна изградбата на новата станица за електрична енергија во Охрид, која е клучна компонента од првиот далновод интерконектор на електрична енергија помеѓу Албанија и Северна Македонија, кој ќе се протега од Битола, Северна Македонија до границата со Албанија.

Проектот е финансиран од Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ), а претставува дел од ЕУ иницијативата за воспоставување на коридор на пренос на електрична енергија Исток-Запад, помеѓу Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Италија.

Започнувањето на градежните работи беше одбележано во Охрид, во присуство на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и заменик министерот за енергија и инфраструктура на Албанија, Илиј Бејта, како и претставници на ЕБОР, Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија и ЕУ, заменик претставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

,,Поддршката на круцијална регионална меѓу-гранична инфраструктура е клуч во креирање на поголеми интегрирани пазари на енергија и зголемување на енергетската безбедност во регионот. Изградбата на оваа нова линија, ќе помогне во зголемување на капацитетот на обновлива енергија во Северна Македонија, со што ќе се овозможи земјата да постигне побрза декарбонизација на сопствениот сектор на електрична енергија. Исто така ќе го подобри балансот на системите на електрична енергија, благодарение на поврзување на македонскиот пазар на електрична енергија, каде преовладува термална енергија, со албанскиот пазар на електрична енергија, каде преовладува хидро енергијата”, изјави Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија.

,,Овој проект е поддржан од ЕУ со ЕУР 12 милиони, и им овозможува на двете земји да креираат одржлив регионален пазар на електрична енергија, придвижување кон целите на декарбонизација пропишани во Зелената Агенда и замена на застарената инфраструктура, со која доаѓа до технички загуби. Крајните резултати ќе донесат снабдување со постабилна и поефтина енергија за домаќинствата и компаниите во регионот”, изјави Џулијан Васало, Заменик Претставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Со овој проект се завршува прстенот на електрична енергија од 400kV помеѓу Албанија, Северна Македонија и Грција, со кој се зајакнува меѓу-граничната размена на електрична енергија, и кој придонесува за развој на регионалните пазари. Делот помеѓу Бугарија и Северна Македонија, е финансиран од ЕБОР, и е веќе завршен. Новата 400kV линија помеѓу Албанија и Црна Гора, како и подводниот кабел помеѓу Италија и Црна Гора е завршен и оперативен.

Новата преносна линија ќе обезбеди подобрено и подостапно снабдување со енергија за домаќинствата и бизнисите во Северна Македонија, преку нормализирање на волтажните нивоа, стабилизирање на протокот на оптоворавување и флуктуациската зачестеност, како и намалување на техничките загуби во општиот систем на трансмисија.

ЕБОР обезбеди ЕУР 37 милиони за Македонскиот преносен систем оператор АД (МЕПСО), за поддршка на изградбата на далноводот интерконектор, како и за воведување на паметни мрежни компоненти, кои го подобруваат предвидувањето на енергијата и го олеснуваат интегрирањето на обновливите извори на енергија во системот на електрична енергија.

ЕУ ја ко-финансираше инвестицијата со ЕУР12 милиони грант од Инвестициската Програма за Западен Балкан, а Луксембург има доделено средства за техничка помош на МЕПСО.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €2,1 милијарди преку 147 проекти во земјата. Поддршка на зелената енергија е приоритет на Банката, бидејќи тоа е еден од најголемите предизвици во земјата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com